Рахој: Референдумот е илузија

Мадрид, 20 септември 2017 (МИА) - Шпанскиот премиер Маријано Рахој вечерва упати апел до каталонските регионални лидери да се откажат од планираниот референдум за отцепување од Шпанија, бидејќи тоа е спротивно на шпанските закони.
- Немојте да одите понатаму со тоа. Вратете се на законот и демократијата. Овој референдум е илузија, изјави Рахој за националната телевизија.
Тој ги повика каталонските сепаратисти да ја запрат „ескалацијата на радикализмот и непослушноста“.
- Се уште има време да се избегнат поголеми проблеми, посочи Рахој.
За време на неговиот говор, илјадници луѓе протестираа во Барселона поради апсењето на каталонските претставници.
Шпанската полиција уапси 13 лица во денешните рации извршени во канцелариите на регионалната Влада на Каталонија.
Претходно, каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон истакна дека Владата на Шпанија де факто вовела вонредна состојба во Каталонија, алудирајќи на низата мерки што шпанската Влада ги презеде за да не се одржи референдумот за независност, што е закажан на први октомври.
Тој посочи дека полициските апсења и рации се незаконски и оти имаат за цел да ги спречат граѓаните да излезат на гласање.
Уставниот суд на Шпанија го одложи референдумот се додека судиите не ги разгледаат тврдењата на шпанската Влада дека истиот е нелегален.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...