Меј: Потребни се посилни мерки против Ким Џонг-ун

Британската премиерка Тереза Меј синоќа побара посилни мерки против програмата за нуклеарно вооружување на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ил, но и зачувување на меѓународниот поредок и мултилатералните институции.

- Ким продолжува да и пркоси и да ја провоцира меѓународната заедница и да им се заканува на своите соседи. Одлучноста на меѓународната заедница за зацврстување на правилата е посилна од решеноста на Северна Кореја да ги поткопа, истакна Меј во обраќањето на седницата на Генералното собрание на Обединети нации.

Таа ги повика светските лидери да ги бранат правилата засновани на меѓународниот поредок и неговите мултилатерални институции.

Меј предупреди и на многу опасни предизвици со кои се соочуваат земјите-членки на ОН од употребата на хемиско оружје во Сирија против сопствениот народ до тероризмот и апелираше на заеднички напори,

- Верувам дека единствен начин да одговориме на низата предизвици е да се обединиме и да го браниме меѓународниот поредок на чие создавање напорно работевме и на вредностите за кои се залагаме. Основни вредности, кои ги делат членките на ОН се правда, чесност и човекови права, а тие меѓу земјите создадоа заедничка причина за здружено делување за заеднички интерес и за формирање на мултилатерален систем, потенцира Меј.

Говорот на Меј е спротивен на обраќањето на Трамп, кој варијанти на зборовите „суверен“ или „суверенитет“ ги употреби повеќе од 20 пати, а притоа ја воздигнуваше „националната држава“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...