Меркел е подготвена дополнително да ја ограничи економската соработка со Турција

Берлин, 21 септември 2017 (МИА) - Германската канцеларка Ангела Меркел во изјава за телевизијата АРД најави дека Берлин може да преземе дополнителни мерки за ограничување на економската соработка со Турција поради кризата во билатералните односи.
- Ние веќе ја ограничивме економската соработка. Ако е потребно ќе продолжиме тоа да го правиме, се разбира, јас тоа не го посакувам, посочи Меркел.

Таа додаде дека во дијалогот со турските власти „нештата треба да се нарекуваат со сопствените имиња“, но оти не планира да ги прекине односите со Анкара.
- Турција се оддалечува од сфаќањето на правната држава, но Германија ќе продолжи да одржува контакти со неа, за да бидат ослободени затворените германски државјани, истакна Меркел.

Односите меѓу Берлин и Анкара се тензични поради низа фактори, а еден од нив е приведувањето на германски граѓани во Турција под обвинение за поддршка на тероризам или учество во минатогодишниот обид за државен удар. Според податоци на германското Министерство за надворешни работи во турските затвори во моментот има повеќе од 50 германски државјани, а 12 од нив се политички мотивирани случаи.

На 20 јули германскиот министерр за надворешни работи Зигмар габриел изјави дека Берлин ќе ја преразгледа економската политика кон Турција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...