Приведени 250 мигранти по тепачка во Москва

Москва, 21 септември 2017 (МИА) - Руската полиција приведе 250 мигранти по тепачка пред еден трговски центар во Москва, изјави за ТАСС неименуван извор од полицијата.
Мигрантите барале средба со сопствениците на трговскиот центар.
- За да се спречат евентуални масовни немири, полицајците ги привеоа мигрантите и ги одведоа во полициска станица, изјави изворот на руската новинска агенција.
Инцидентот се случил откако обезбедувањето на трговскиот центар синоќа претепало државјанин на Таџикистан, кој таму работел. Мигрантот потоа бил пренесен во болница, со повеќе повреди, меѓу кои и потрес на мозокот. Потоа другите работници почнале тепачка со членовите на обезбедувањето. Подоцна се хоспитализирани уште тројца учесници во судирот поради повреди на главата.
Полицијата ги отфрли тврдењата на медиумите дека еден од мигрантите бил убиен за време на вчерашната тепачка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...