ЕПП ги повика Германците: Гласајте за Ангела Меркел, бидејќи е европски лидер

Брисел, 22 септември 2017 (МИА) - Европската народна партија (ЕПП), која е најбројна политичка партија во Европскиот парламент, денеска испрати силна порака со поддршка на Ангела Меркел и нејзината коалиција на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и на Христијанско-социјална унија (ЦСУ) на парламентарните избори што в недела ќе се одржат во Германија.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, претседателот на европските демохристијани Жозеф Дол, порача дека „германскиот народ може да ги почувствува придобивките од политиките на ЦДУ и ЦСУ со Ангела Меркел како канцелар на Германија“.

- Германската економија напредува. Невработеноста е на историско ниво и невработеноста кај младите е најниска во Европа. Сепак, економскиот успех не значи да се остават луѓето без поддршка. ЦДУ и ЦСУ секогаш работат за да осигураат дека сите семејства можат да ги обезбедат своите најблиски и ќе продолжат да ги штитат оние кои се уште се ранливи и да осигураат дека сите граѓани ќе имаат корист од образованието, дигитализацијата и иновациите, порача Дол.

Во неговата јавна поддршка на Меркел, претседателот на Еворпската народна партија посочи дека во актуелните неизвесни времиња, Германија ќе продолжи да биде сигурен партнер за Европа и дека само ЦДУ и ЦСУ, под водство на Ангела Меркел, можат да обезбедат таква стабилност и безбедност за Германија и за Европа.

- Европа е силна само ако Германија е силна. Ангела Меркел не е само германски канцелар, таа е вистински европски лидер и пример во светот. Меркел е инспирација за нејзината земја, за нашето политичко семејство и за целиот континент. Таа е вистински бранител на европските вредности и интереси, покажувајќи сочувство кон оние што имаат потреба и цврстина кон оние кои ќе ни се заканат. Ангела Меркел не делува само за интересите на германските граѓани, туку за доброто на сите европски луѓе, додаде Дол.

На крајот во поддршката на ЕПП на Меркел и коалицијата ЦДУ-ЦСУ на германските избори, се наведува дека „Европа не може без Ангела Меркел“, па затоа европските демохристијани ги повикуваа сите германски граѓани во недела да гласаат за ЦДУ и ЦСУ и повторно да и дадат доверба на Ангела Меркел.

Според последните анкети за расположението на германските гласачи пред неделните избори, Меркел и коалицијата што ја предводи се во предност и се очекува нивна победа. Сепак, поради можно недоволен број на освоени пратеници за Бундестагот да формира сама мнозинство, Меркел, која 12 години е на чело на Германија, се очекува да формира владина коалиција со Либералната партија или повторно да се случи голема коалиција со Социјал-демократската партија на Германија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...