Спречен терористички напад на стадионот на ПСЖ

Француската полиција денеска соопшти дека во текот на викендот спречила терористички напад, откако во близина на стадионот „Паркот на принцовите“ во саботата рано изутрина, пронашле експлозивна направа, само неколку часа пред почетокот на натпреварот меѓу ПСЖ и Бордо.

Импровизираната експлозивна направа била составена од четири плински боци, натопени со бензин.
- Направата беше натопена со бензин и употреблива, соопшти полициски извор.

Направата ја пронашол станар на зграда во близина на стадионот и веднаш повикал полиција.
Во врска со овој случај приведени се пет лица, вклучувајќи и една личност која се поврзува со радикалните исламистички движења.

Еден од осомничените од претходно и бил познат на полицијата и бил под надзор.



Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Коломб изјави дека полицијата од почетокот на годината спречила 12 терористички напади ширум земјата.
Не е првпат некој стадион во Франција да е цел на терористите.

Во февруари минатата година, кога Франција играше против Германија на Стад де Франс беше извршен бомбашки напад, при што загинаа три лица. Полицијата потврди и два самоубиствени напади пред стадионот Сен Денис.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...