Германија ја затвори истрагата за шпионирањето

Германското обвинителство денеска соопшти дека ќе ја затвори истрагата во врска со масовното телефонско прислушување на германски граѓани од британските и американските разузнавачки служби.

Одлуката става крај на шпионскиот скандал, предизвикан од откривањето на поранешниот офицер на американската Агенција за национална безбедност (НСА) Едвард Сноуден, кој ги затегна односите меѓу Берлин и Вашингтон.

Тврдењата од 2013 година дека Агенцијата го прислушувала мобилниот телефон на Ангела Меркел ги вознемирија Германците и ја натераа канцеларката да каже дека шпионирањето меѓу пријатели е целосно неприфатливо.

Во текот на 2015 година се појавија нови тврдења според кои германската разузнавачка служба со години и помагала на американската Агенција да шпионира европски компании и политичари.

Обвинителството во Карлсруе соопшти дека иако на германските разузнавачки служби им биле познати методите што биле користени во прислушувањето од САД, сепак нема докази дека тие биле користени против Германија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...