Меркел: Сакам да го слушнам мислењето на лидерите на ЕУ за Турција

Германската канцеларка Ангела Меркел најави дека односите меѓу Европската унија и Турција ќе бидат една од темите на претстојниот Самит на ЕУ што ќе се одржи на 19 и 20 октомври во Брисел.

- Нема веднаш до донесеме формално решение, но би сакала да го слушнам мислењето на моите колеги за ова прашање, изјави синоќа Меркел.



Таа нагласи дека сака само да ги слушне ставовите на шефовите на држави или влади на членките на ЕУ во врска со односите со Турција, нагласувајќи дека е значајно да продолжи дијалогот меѓу Брисел и Анкара.

Односите меѓу Анкара и ЕУ, а пред се Германија, се влошија во последнава година, по ланскиот обид за државен удар во Турција, кога европските лидери ги обвинија турските власти за масовни чистки во државната администрација, полицијата и армијата и посебно по одлуката на неколку држави од Унијата за забрана за обраќања на турски министри на собири за поддршка на уставните измени во Турција.

На ваквите критики и забрани од ЕУ, Турција одговори со навреди кон повеќе европски лидери и со закани за откажување од договорот за запирање на мигратнтскиот прилив кон Европа, со кој беше запрено преминувањето на мигранти од турска територија кон земјите од Унијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...