Асанж: Заработив 50.000 проценти од биткоин

Лондон, 17 октомври 2017 (МИА) - Еден од најпознатите бегалци во светот, Џулијан Асанж, објави дека направил речиси неверојатeн поврат на парите со својот удел во биткоин.
Откако се крие од американските власти, основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, изјави дека бил принуден да стане еден од првите вложувачи во биткоин, што, како што вели, му донело поврат од 50.000 проценти.

- Должам најдлабока благодарност до американската влада, сенаторите Мекејн и Либерман, кои ги принудија Виза, Мастеркард, Пеипал, Емекс и Манибукерс нелегално да ја блокираат Викиликс во 2010 година. Тоа доведе до вложување во биткоин и заработка од 50.000 проценти, напиша Асанж на Твитер.

Многу банкарски и платежни институции, вклучувајќи ги и Пејпал и Бенк оф Америка, во 2010 година одбија да примат трансакции на Викиликс. Тоа доведе приходите на Викиликс да паднат за 95 отсто од крајот на 2010 година до средината на 2011 година, што ја чинеше организацијата десетици милиони фунти изгубени донации.

Од Викиликс тврдеа дека во декември 2010 година примиле 800.000 евра, а оваа сума веќе во јануари се сведе на нула.

Претпоставувајќи дека од Викиликс инвестирале во Биткоин и навистина заработиле 50.000 проценти, Асанж за секој вложен долар добил 50.000 долари, коментираат медиумите. Ако ги вложил сите 800.000 евра, тоа ќе одговара на износ од четири милијарди евра.

Се претпоставува дека од Викиликс почнале да инвестираат во биткоин, на почетокот на 2011 година, пред вредноста на оваа, како што ја нарекуваат, виртуелна валута да почне драматично да се зголемува.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...