ОЕЦД препорачува референдум за „спротивен“ Брегзит

Лондон, 17 октомври 2017 (МИА) - Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) денеска изнесе оценка дека втор референдум, со кој во спротивен правец би се сменил Брегзит, ќе донесе „позитивно“ и „значајно“ влијание на британската економија.
ОЕЦД проектира раст од само еден отсто на британската економија следната година поради несигурноста која ја носи Брегзит.
Претседателот на ОЕЦД, кој го презентираше извештајот на прес-конференција заедно со британскиот министер за финансии Филип Хамонд, истакна дека постои ризик од „неуреден“ Брегзит, со што Британија би се оставила без договор, што би предизвикало несакани реакции на финансиските пазари и притисок врз девизните курсеви.
Во случај Брегзит да се промени со политичка одлука (промена на мнозинството, нов референдум итн.) позитивното влијание на растот на економијата би било „значително“.
Акцентирајќи го ризикот од напуштање на ЕУ без постигнат договор, во извештајот на ОЕЦД се наведува дека деловните инвестиции ќе се намалат, а зголемените притисоци на цените ќе ја задушат личната потрошувачка. Тековниот дефицит ќе биде тешко да се финансира, иако, најверојатно, тој би бил намален.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...