|
|
Судот во Стразбур пресуди во полза на Навални во спорот против РусијаСтразбур, 17 октомври 2017 (МИА) - Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди денеска дека рускиот опозициски политичар Алексеј Навални има право на отштета за судската пресуда што му беше изречена во 2014 година. Руски суд ги осуди Навални и неговиот брат Олег за измама и перење пари. Навални тврди дека се работи за притисок од страна на руските власти против него. Двајцата беа притворани за овој и за уште еден случај на измама за кој беа обвинети. Според Судот во Стразбур, оваа пресуда против Навални била „произволна и неразумна“. - Победивме. Ви благодарам на сите за поддршката, објави Навални на својот Твитер профил по објавувањето на пресудата во Стразбур. Навални е познат по неговите чести кампањи и протести против рускиот претседател Владимир Путин, кого го обвинува за корупција и автократија.
|
|
|
|
|
|
|
|
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
|
Виц на денот |
|
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува: - Абе, вие Буш и Пауел... |
|
|
|
Состојба на патиштата |
|
|
|
|
Верски календар |
|
|
|
|
На денешен ден |
|
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
|
|
|
|