Џорџ Сондерс добитник на Букеровата награда

Лондон, 18 октомври 2017 (МИА) - Американскиот писател Џорџ Сондерс ја освои овогодинешната Букерова награда, со романот „Lincoln in the Bardo“ и така стана вториот Американец кој го добил тоа престижно признание, јави Би-Би-Си.
Книгата зборува за тагата на Абрахам Линколн после смртта на синот и посетите на неговиот гроб.
„Lincoln in the Bardo“ е прв роман на Сондерс и се случува во текот на една ноќ на гробиштата.
Членовите на жирито го пофалија романот како „целосно оригинален“ и „длабоко потресен“. Наградата ја врачи сопругата на британскиот принц Чарлс, војвотката од Корнвол, Камила.
- Ви благодарам за оваа голема чест, за која се надевам и натаму ќе ја оправдувам преку останатите мои трудови до крајот на животот, изјави Сондерс при преземањето на наградата.
Џорџ Сондерс, досега беше најпознат по кусите раскази, за кои доби повеќе различни награди.
Во конкуренција за Букеровата награда беа и британските авторки Али Смит и Фиона Мозли, Американците Пол Остер и Емили Фридланд и британско-пакистанскиот писател Мохсин Хамид.
Наградата се доделува за најдобри дела напишани на англиски јазик.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...