Пуџдемон до 10 часот мора да одлучи за независноста на Каталонија

Каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон има рок до 10 часот денеска да одлучи дали ќе прогласи независност на шпанската автономна област.

Тој вчера на состанокот на својата партија истакна дека формално ќе прогласи независност доколку Шпанија денеска почне процедура за суспендирање на каталонската автономија, истакна неименуван извор од каталонската Влада.

Мадрид му даде рок на Пуџдемон до денеска изутрина да даде прецизен одговор дали прогласува независност или не. Шпанскиот заменик-премиер Сораја Саенз де Сантамарија претходно изјави дека шпанските власти ќе побараат укинување на автономијата на Kаталонија, доколку лидерите на таа покраина не ги повлечат своите барања за независност.



- Доколку сепаратистичкиот лидер Карлос Пуџдемон не обезбеди задоволувачки одговор, тогаш тој ќе испровоцира активирање на членот 155 од Уставот, потенцира Сантамарија од парламентарната говорница.
Членот 155 од Уставот на Шпанија, и дозволува на Владата во Мадрид директно да интервенира во управувањето со автономниот регион, и да стави крај на системот на самоуправа.

И шпанскикот премиер Маријано Рахој апелираше Пуџдемон да „дејствува разумно“ бидејќи се приближува рокот за откажување од независност.
- Барам од Пуџдемон да дејствува разумно, на урамнотежен начин, да ги стави интересите на граѓаните во прв план, нагласи денеска Рахој во шпанскиот Парламент.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...