Шпанија утре ја укинува автономијата на Каталонија, најавени масовни протести

Шпанската Влада постигна договор со опозискиата Социјалистичка работничка партија во јануари 2018 година да се одржат регионални избори во каталонија, како дел од пакетот мерки за воспоставување директна контрола над овој регион, изјави социјалистот Кармен Калво.
Шпанската Влада вчера соопшти дека ќе го активира Членот 155 од Уставот кој задира во автономијата на Каталонија, со цел да се сузбие инсистирањето на каталонската Влада на независност.



Шпанскиот премиер Маријано Рахој утре ќе одржи вонредна средба со своите министри за активирање на овој член, со кој се дозволува централната власт да ја презеде контролата над која било од 17 автономни покраини, доколку некоја од нив не се однесува во согласност со шпанскиот Устав.

Барселона, главниот град на покраината каде годишно се произведуваат 20 отсто од сите стоки и услуги во Шпанија, би можела да потпадне под дирекна управа на Мадрид, првпат во 40 години демократија.
Досега, ниту еден политичар не ја применил оваа мерка, но Рахој вели дека е оправдано бидејќи Каталонија не го признава законот и ја притиска централната власт со намера за отцепување по референдумот организиран на 1 октомври. Судот го забрани Референдумот, а шпанската полиција се обиде да го запре, но избирачите сепак гласаа во корист на воспоставување самостојна република.
Членот 155 не е  прецизиран, но во теорија му овозможува на Мадрид преземање на регионалната администрација и поставување нови функционери, преземање на контролата над финансиите и полицијата, како и свикување предвремени избори.
Шпанската Влада соопшти дека нема намера апсолутно да ја укине автономијата на Каталонија, туку да спроведе специфични мерки со цел покраината да го почитува шпанскиот закон.

За Членот 155 да стапи во сила потребни се неколку денови бидејќи ваквите мерки треба да ги поддржи Сенатот, Горен Дом на парламентот задолжен за територијални прашања, каде Народната партија на Рахој го има потребното мнозинство. Потоа, шпанскиот премиер би можел да ги замени каталонските функционери со свои политичари или технократи, па за три месеци да организира парламентарни избори во Каталонија.

Во меѓувреме, каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон се соочува со притисок во сопствената коалиција за веднаш да прогласи независност. Антикапиталистичката партија „Кандидатура на Народно единство“ (ЦУП) има само десет од 135 пратеници во каталонскиот Парламент, но без неа владејачката коалиција го нема потребното мнозинство. Доколку ја загуби поддршката на ЦУП, каталонската влада ќе мора да распише предвремени избори. Средбата меѓу каталонската владеачка коалиција и ЦУП се одржа вчера и траеше со часови, а резултатот се уште не е познат.
По полициското насилство над населението на денот на референдумот, Рахој дејствува со внимателност, иако вчера ја доби поддршката од ЕУ,меѓу кои  и од лидерите на Германија и Франција.

За утре, за време на владиниот состанок во Мадрид, најавени се нови масовни протести во Каталонија. Околу 80 организации, за утре од 17 часот, најавија собири на кои ќе бараат „ослободување на политичките затвореници“. И во досегашните мирни протести, десетици илјади граѓани побараа ослободување од притвор на двајца челници на невладини организации кои заговараат независност. Тие се притворени бидејќи го организирале населението, кои со своите тела ја „спречувале работата на полицијата“ за време на Референдумот, соопшти шпанското Министерство за внатрешни работи.

Експертите истакнуваат дека е можно тензиите да растат со приближувањето на моментот на усвојување на Членот 155, иако до сега, освен одделни инциденти, не ескалираше насилството меѓу жителите. Она што е непознато, е што ќе се случува на терен доколку Мадрид почне со имплементација на Членот, со оглед на тоа дека каталонската полиција веќе откажа послушност на Мадрид. Официјален Мадрид може да смета на Шпанската цивилна гарда и националната полиција, чии припадници од претходно се наоѓаат во Каталонија.
Во меѓувреме каталонскиот Национален совет ги повика своите приврзаници да ги повлечат своите финансиски средства од пет големи шпански банки.

Во снимката објавена синоќа на  Твитер, тие побараа од Каталонците помеѓу осум и девет часот да ги повлечат своите пари со цел да го изразат својот протест поради нивната одлука своите централи да ги преселат од Каталонија.

- Ако сте клиент на Банко Сабаљ или Ла Каиха изразете го своето незадоволство поради селењето на нивните централи надвор од Каталонија, се наведува во снимката. Овие две банки беа меѓу првите компаниии кои својата дејност ја регистриаа надвор од овој регион, во страв од немири и можно прогласување независност од Шпанија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...