Меркел: Нема нова фаза во преговорите со Лондон, без напредок околу долгот

Европската унија ќе се согласи на отпочнување нова фаза во преговорите со Велика Британија, дури откако Лондон ќе направи доволен напредок по прашањето на неговите финансиски обврски кон ЕУ, изјави денеска во Брисел германската канцеларка Ангела Меркел.

- Влегувањето во втора фаза од преговорите ќе зависи од напредокот на Велика Британија. На тој план, финансискиот договор е најважна тема, изјави Меркел по денешниот Самит на ЕУ.

Во врска со новата фаза од преговорите со Лондон се огласи и францускиот претседател Емануел Макрон, кој оцени дека подмирувањето на финансиските обврски на Велика Бриотанија кон ЕУ не е „ниту до половина готово“.

- Во клучниот проблем за финансиските обврски на Велика Британија остана недовршена повеќе од половина од работата, изјави Макрон, нагласувајќи дека без решавање на ова прашање нема да може да се пристапи кон следната фаза од преговорите.

Ваквите изјави на Меркел и Макрон уследија откако претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск информира дека лидерите на ЕУ одобриле старт на подготовките за втората фаза од преговорите за Брегзит, која би требало да започне во декември.

- Заклучоците за Брегзит се прифатени. Лидерите даваат зелено светло за почеток на подготовките на втора фаза, соопшти Туск, нагласувајќи дека „медиумсиките шпекулации за застој во преговорите се преувеличени“.
Британската премиерка Тереза ​​Меј, од своја страна, изјави дека ги уверила колегите од ЕУ оти Велика Британија ќе ги исполни обврските кон Унијата поврзани со Брегзит.

Таа нагласи дека е оптимист околу преговорите, додавајќи дека деталната финасиска спогодба, односно трошоците за „разводот“ меѓу Велика Британија и ЕУ, ќе мора да почекаат до конечниот договор за Брегзит.
- Целосната и конечната спогодба ќе дојде во рамки на финалниот договор за идното партнерство, рече Меј.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...