Следниот Самит на НАТО закажан за 11 и 12 јули 2018 година во Брисел

Брисел, 20 октомври 2017 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска соопшти дека следниот собир на шефовите на држави или влади на членките на Алијансата ќе се одржи следната година во Брисел, каде што се наоѓа и седиштето на Пактот, јави дописникот на МИА од нелгискиот главен град.
- Со задоволство објавувам дека следниот Самит на НАТО ќе се одржи на 11 и 12 јули 2018 година во Брисел, Белгија, изјави Столтенберг.
Според него, на овој Самит се очекува уште повеќе да се зацврсти врската меѓу Европа и Северна Америка на која е заснован НАТО, бидејќи, како што рече, продолжува прилагодувањето на Алијансата за 21 век.
Во тој поглед, како одговор на заканите што постојат, според Столтенберг, НАТО е во тек на спроведување на најголемото засилување на својата колективна одбрана.
- Нашите мултинационални борбени групи на истокот на Алијансата сега се целосно оперативни и го зајакнуваме нашето присуство во регионот на Црното Море. Исто така ги засилуваме нашите напори против кибер нападите и против хибридните закани. Ние ќе ја градиме нашата вредна работа со партнерските нации и организации за борба против тероризмот и одржување на стабилноста на нашето соседство. Ние ја зголемуваме нашата мисија да ги обучуваме, советуваме и помагаме авганистанските сили за да осигураат дека нивната земја никогаш повторно нема да стане безбеден рај за меѓународните терористи. Ја поддржуваме глобалната коалиција за да го поразиме ИД и работиме на зајакнување на партнерите, како Ирак, порача Столтенберг.
Генералниот секретар на Алијансата, исто така истакна дека НАТО уште повеќе ги продлабочува односите со Европската унија, во интерес на „доброто на своите народи“.
Инаку, зависно од развојот на преговорите за разликите околу името со Грција, Македонија и на овој Самит, како и на сите претходни по Самитот во Букурешт во 2008 година, ќе очекува добивање на покана за членство во НАТО.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...