Расте бројот на жртвите во поплавите во Грција

Најмалку пет лица, две жени и тројца мажи загинале во поплавите во областа на градот Мандра во близина на Атина, додека многумина се уште се заглавени во своите домови во Неа Перамос, Мегара и Магула.



Поради поплавите затворени се и повеќе училишта.
Ситуацијата постојано ја следи и премиерот Алексис Ципрас, кој на Твитер изрази жалење за жртвите и на одговорните власти им нареди да преземат брза акција за ублажување на последиците од штетата предизвикана од катастрофата.

Патиштата во Неа Перамос, кој се наоѓа на 27 километри западно од Атина, се претворени во реки од кал, а во исто време градоначалникот Григорис Стамулис за телевизијата Антена изјави дека „практично целиот град е поплавен“.

Тој додаде дека во тек се спасувачки операции за извлекување на луѓе кои се залавени во нивните автомобили и домови, додавајќи дека верува оти никој не е во животно загрозувачка опасност.

Во блискиот град Мандра една жена е пронајдена мртва во нејзиниот дом, а во друга улица постар маж исто така е пронајден мртов во неговиот поплавен дом, соопшти противпожарната бригада.
Во меѓувреме се спасени 12 луѓе од автобус кој бил заглавен на мост.

Грчките телевизии емитуваат снимки од луѓе кои од поплавата избегале на балконите и крововите од своите домови, додека властите добиле 160 повици за помош.
Грција вчера прогласи вонредна состојба на островот Сими кој беше зафатен од бура поради која беше прекината струјата и водата, многу домови беа поплавени, и голем број возила завршија во морето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...