Советник на Меркел бара договор за нова влада во рок од три недели

По неуспехот на преговорите за формирање нова влада на Германија, шефот на кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел, Питер Алтмајер, ги повика потенцијалните коалициски партнери да постигнат договор во рок од три недели.

Доколку партиите не успеат да се договорат, се очекува Меркел да се определи за предвремени избори.
Христијанско демократската унија (ЦДУ) на Меркел и нејзината сестринска баварска Христијанско социјална унија (ЦСУ) преговараа со либералната Слободна демократска партија (ФДП) и Зелените за формирање на нова влада, но преговорите завршија неуспешно во неделата вечерта, по што ФДП соопшти дека не може да биде постигнат договор.

- Во следните три недели треба да имаме појасна ситуација за тоа дали може да се формира стабилна влада врз основа на овој изборен резултат, изајви Алтмајер.
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој треба да го додели мандатот за формирање нова влада или да распише нови избори, ќе се сретне со лидерите на четирите партии, кои учествуваа во разговорите за формирањет коалиција. Алтмајер изјави дека ЦДУ на Меркел, како победник на изборите, има мандат да формира влада.

- Ние имаме одговорност да обезбедиме стабилна и просперитетна влада, изјави Алтмајер, кој воедно упати повик и до Социјалдемократската партија на Германија (СПД) да размисли за својот став дека ќе остане во опозиција.
Меркел е канцеларка на Германија од 2005 година, а во периодот од 2005 до 2009 и од 2013 до 2017, таа владееше во коалиција со СПД. Но, по лошите изборни резултати на септемвриските избори, лидерот на СПД, Мартин Шулц најави дека неговата партија нема да учествува во уште една трета широка коалиција со Меркел.
Претседателот на германскиот Парламент, Волфганг Шојбле, кој е еден од водечките политичари на ЦДУ, исто така ги повика социјалдемократите да учествуваат во разговорите за формирање на идната влада.

Шојбле се изјасни против можноста Меркел да формира малцинска влада на ЦДУ, ЦСУ и Зелените, со поддршка од ФДП или преку некоја друга комбинација. Шојбле воедно изјави дека германските партии мора да преземат одговорност за формирање на коалициска влада, бидејќи на Европа и е потребен силен партнер во Германија.
- На Европа и е потребна Германија која може да дејствува. Реакциите од странство укажуваат на тоа дека Европа и многу други држави во светот чекаат на нас, изјави Шојбле, кој како министер за финансии на Меркел ги водеше клучните преговори за спас на еврото и за грчката должничка криза.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...