Кремљ нема информации за инциденти кои можат да предизвикаат радиоактивно загадување

Кремљ не добил од ниту една институција информации за некакви инциденти кои би предизвикале загадување со изотопот рутениум 106, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков.



- Во постојан контакт сме со сите институции кај нас поврзани со таа сфера и од никого досега нема потврда за евентуални причини кои би предизвикале инциденти, прецизира Песков.

Руската државна нуклеарна компанија Росатом вчера соопшти дека на руска територија не е регистриран никаков инцидент или дефект на нуклеарните инсталации и покрај радиоактивното загадување со изотопот рутениум 106.

Високи руски претставници претходно признаа дека на крајот од септември и почетокот на октомври е регистрирано  радиоактивно загадување на делови од руската територија, со што ги потврдија информациите на неколку европски агенции за следење на радиоактивноста.
Руската метеоролошка служба Росгидромет соопшти дека сите мерни станици во Јужен Урал регистрирале зголемени концентрации на изотопот рутениум 106, а највисока концентрација била регистрирана во селото Аргајаш.

Тоа е лоцирано на 30 километри од нуклеарниот комплекс Мајак кој настрада во 1957 година во една од најтешките нуклеарни несреќи во историјата и денеска служи како место за преработка на потрошеното нуклеарно гориво.

- Радиоизотопот Рутениум 106 беше регистриран од мерните станици во Аргајаш и Новогорниј, меѓу 25 септември и 1 октомври, прецизира Росгидромет во извештајот за состојбата на животната средина на територијата на Руската Федерација во периодот од 6 до 13 октомври 2017 година. Се прецизира дека во Аргајаш е регистрирана крајно висока концентрација на рутениум 106, која за 986 пати ги надминува показателите регистрирани претходниот месец, се наведува Росгидромет.

Во соопштението на Росгидромет уште се додава дека кон крајот на септември и почетокот на октомври радиоактивни честички од Јужен Уран може паднеле во Европа како резултат на пренос на воздушните маси.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...