Божиќните пазари во Германија со засилени безбедносни мерки

Традиционалните божиќни пазари во Германија годинава се со зголемени мерки на безбедност, речиси една година по терористичкиот напад на божиќниот пазар во Берлин, каде беа убиени 12 лица.

- Божиќните пазари се дел од нашиот живот и култура, изјави денеска министерот за внатрешни работи Томас де Мезијер, повикувајќи ги Германците да ги посетат пазарите и да го победат стравот.
 
Тој истовремено предупреди дека „терористичката закана е висока, во кој било момент и на кое било место“.
Божиќниот пазар во Берлин, каде што туниски напаѓач влета со камион меѓу посетителите на 19 декември минатата година, ќе биде отворен вечерва, по пригодна церемонија и со свеќи.
       
Предвидено е берлинскиот пазар на годишнината од нападот да биде затворен.
Божиќните пазари во Германија се опколени со бетонски блокови за да се спречат евентуални напади со возила. Полицијата ќе биде присутна во зголемен број.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...