Меркел добитничка на Меѓународна награда за заштита на половата рамноправност

Германската канцеларка Ангела Меркел е добитничка на првата Меѓународна награда за придонес за еднаквост на половите. Наградата ја доделува Владата на Финска, со цел да се интензивира еднаквоста помеѓу мажите и жените и во чест од 100-годишнината од независноста на Финска.

- Канцеларката Меркел стана една од највлијателните личности во светот и е пример за многу жени и девојки. Еднаквоста е основна вредност за Финска, која во 1906 година стана првата земја во светот, која им даде целосни политички права на жените, изјави финскиот премиер Јуха Сиполе на маргините на Самитот на ЕУ.

Тој додаде дека Меркел  е наградена поради нејзините заложби за полова рамноправност на средбите со светските лидери и напорите за подобрување на правата и можностите на жените, посебно во земјите во развој.
За Меѓународната награда за заштита на еднаквоста помеѓу половите предвиден е и премија од 150.000 евра. Но, сумата нема да ја добие Меркел, туку таа треба да одлучи на која организација, што се залага за рамноправност на половите, ќе ги добие парите. Добитникот на парите ќе биде објавен 2018 година.
Во 1906 година Финска имаше статус на автономно големо кнежевство во руската империја, а во 1917 година станува независна држава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...