Аврамопулос: Да се соочиме со вистината - мигрантите се тука да останат

Брисел, 18 декември 2017 (МИА) – Време е да се соочиме со вистината дека никогаш нема да бидеме во можност да ги запреме миграциите, тие се наша нова реалност и треба да осмислиме долгорочни решенија заради унапредување интеграции и инклузија, нагласува еврокомесарот за миграции Димитрис Аврамопулос.
Според него, на денешниот Меѓународен ден на мигрантите, повеќе од 244 милиони луѓе живеат надвор од своите држави.
– Човековата мобилност ќе го одбележи 21. век. Доколку сакаме да бидеме подготвени за тоа мора веднаш да почнеме да се подготвуваме, истакнува Аврамопулос во текст за порталот Политико.
Тој наведува дека во изминатите две години Европа била примарно посветена на решавање непосредни итни случаи на глобални миграции и бегалска криза и тоа го праваше многу успешно. Нерегуларниот проток на мигрантите се намали за 63 отсто. Повеќе од 32.000 бегалци се распоредени ширум Европа, повеќе од 25.000 луѓе на кои им била потребна заштита се раселени низ континентот со уште 50.000 кои се очекуваат во следните две години.
- Мора да ги исполниме нашите ветувања дека ќе евакуираме илјадници мигранти од Либија или раселување или со помош на доброволни враќања во следните месеци. Мора да исполниме и законски канали за економска миграција со поамбициозна Сина карта за високо квалификувани работници и пилот проекти за миграција на работна сила во клучни трети држави. Но, не можеме да запреме со ад-хок пристапот размислувајќи и работејќи само со кратки рокови. Кога станува збор за миграцијата ние сме во тоа на долги патеки, укажува еврокомесарот.
Според Аврамопулос, „најновата дебата за миграцијата под влијание на растечки национализам, популизам и ксенофобија, за жал ограничи можности за воспоставување паметни и напредни политики за миграции како на национално така и на европско ниво. Глупаво е да се смета дека миграциите ќе исчезнат ако некој почне остра реторика“.
- На крајот, сите ние мора да ја прифатиме миграцијата, мобилноста и диверзитетот како нова норма и да ги прилагодиме нашите политики кон неа. Единствен начин да ги направиме политиките за азил и миграции одржливи во иднина е прво колективно да го смениме начинот на размислување, порачува Аврамопулос.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...