Одбиена кандидатурата на Алексеј Навални за претседател на Русија

Руската Централна изборна комисија денеска го одби барањето на Алексеј Навални да се кандидира на претстојните претседателски избори.



Навални, кој е познат како организатор на протестите против рускиот претседател Владимир Путин, кого го обвинува за корупција, се сметаше за еден од посериозните кандидати кои можат да го предизвикаат актуелниот шеф на турската држава.

Причината поради која што Изборната комисија ја одби неговата кандидатура е тоа што тој е осуден за измама.
Навални тврди дека судскиот процес против него бил политички мотивиран.
Тој веднаш реагираше со повик до своите приврзаници да ги бојкотираат изборите.

Имајќи предвид дека на претходните избори во 2012 година одзивот беше 65 проценти, се очекува дека Навални ќе го прогласи секој одзив под 60 проценти како успех на неговиот повик за бојкот.
Со отстранувањето на Навални, најсериозен противкандидат на Путин ќе биде Павел Грудинин од Комунистичката партија, кој го замени „вечниот“ комунистички претседателски кандидат Генадиј Зјуганов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...