Пуџдемон разгледува нестандардни начини за враќање во Шпанија

Поранешниот каталонски премиер Карлес Пуџдемон, кој по прогласувањето независност на Каталонија побегна во Белгија, разгледува различни нестандардни начини да се врати во Шпанија, за одново да ја преземе функцијата претседател на регионалната Влада во Барселона, објави денеска весникот „А-Бе-Се“.



Повикувајќи се на политичари блиски до каталонскиот лидер, весникот тврди дека поради важечката потерница за Пуџдемон на територијата на Шпанија, тој размислува на кој начин може да се појави во државата.
Тој ја разгледува и можноста да влезе во земјата скриен во багажник на автомобил или маскиран и под туѓо име. Размислувал и да помине по планински патеки или скриен на чамец.

Пуџдемон смета на помош од некои луѓе во каталонската полиција, кои, како што се надева, нема да му забранат да влезе во регионалниот Парламент на денот на изборот на нов претседател на Владата на Каталонија.
Тој очекува дека ако биде избран на оваа функција, шпанските власти нема да се осмелат да го уапсат и да го стават во притвор, а ако сепак одлучат да преземат такви мерки - дека Европа нема да ги поддржи, додава мадридскиот весник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...