Хан: ЕУ треба да изнајде нова форма на односи со Турција

Преговорите меѓу ЕУ и Турција, што се наоѓаат во ќорсокак, треба да ја поттикнат Унијата да пронајде „пореална“ форма за односите со Анкара, смета европскиот комесар за соседска политика и проширување, Јоханес Хан.



- Европската унија треба да побара нови форми за стретешко партнерство со Анкара, истакна Хан во интервју за агенцијата ДПА.
Тој при тоа го поддржа неодамна изнесениот став на францускиот претседател Емануел Макрон, дека ЕУ треба да ги преиспита односите и соработката со Турција. 

Изминативе години една од главните сфери на соработка меѓу ЕУ и Турција беше справувањето со миграцијата, за што двете страни склучија и договор во март 2016 година, со кој беше запрен приливот на мигранти од турска територија кон Европа, во замена за финансиска помош за Анкара од Брисел.

Анкара досега во неколку наврати обвинуваше дека ЕУ не ги исполнила своите обврски од договорот во делот на доделувањето финансиска помошта, но Хан во интервјуто тврди дека Унијата целосно ги исплатила договорените три милијарди евра.
ЕУ најави дека доколку има потреба европските земји ќе и доделат на Турција и дополнителна финансиска помош, но некои држави, како Германија, Франција, Австрија и Шведска, не сакаат да исплаќаат средства од своите буџети, туку сметаат оти тие пари треба да се обезбедат од фондовите на Унијата.

Турција е кандидат за членство на ЕУ од 1999 година, но во 2016 година пристапните преговори западнаа во ќорсокак поради обвинувањата од европските лидери за кршење не човековите права во Турција по неуспешниот обид за воен удар и по критиките од Анкара кон некои членки на Унијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се сретнале чорапот и пенисот, и се жалат.
Чорапот: Е, да знаеш колку ми е тешко, ме ставаат во смрдливи патики, чевли, не ме перат, и на крај ме фрлаат.
Пенисот: Што е тоа бе,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на поштарско-телеграфските...
- Денеска е Ден на планетата Земја
1529.- Во Сарагоса е потпишан Договор со кој...
1724.- Роден е германскиот филозоф Имануел Кант,...