Туск и Јункер ја повикаа Британија да се откаже од напуштање на ЕУ

Претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Доналд Туск и Жан Клод Јункер изразија надеж дека Велика Британија би можела да се предомисли и сепак да реши да остане дел од Унијата.



- Ако не се смени нешто кај нашите британски пријатели, Брегзит ќе стане реалност - со сите предвидени негативни последици - во март следната година. Ние, на континентот, не се предомислуваме. Нашите срца остануваат отворени за вас, изјави Туск пред Европскиот парламент во Стразбур.

Тој побара појасен пристап од страна на Владата во Лондон во преговорите кои се водат за британското напуштање на ЕУ, познато како Брегзит, но во исто време изрази надеж дека одлуката која британските гласачи ја донесоа на референдум во 2016 година се уште може да се смени.
Од своја страна, Јункер изрази надеж дека надежта на Туск ќе биде слушнат во Велика Британија.



На коментарите се приклучи и белгискиот европратеник Ги Верхофштад, кој е претставник на Парламентот на ЕУ за Брегзит. Според Верхофштад, Парламентот не може да дозволи една земја да има поповолна позиција надвор од ЕУ, отколку во неа.
- Најдобро решение за секоја европска држава е да биде внатре во Европската унија, изјави Верхофштад.
Велика Британија ја отпочна процедурата за напуштање на ЕУ, која ќе заврши во март 2019 година, независно дали дотогаш Брисел и Лондон ќе постигнат договор за своите натамошни односи или не.

Членовите на Европскиот парламент и раководството на ЕУ дискутираа за Брегзит и за миграцијата, при што пратениците на конзервативната Европска народна партија оценија дека нема да прифатат договор за излез на Велика Британија од Унијата, доколку не бидат исполнети сите услови кои Брисел ги бара од Лондон.
Пратениците од групата на Европски реформатори и конзервативци, каде што клучна членка е британската Конзервативна партија на премиерката Тереза Меј, возвратија дека ЕУ и Велика Британија можат да останат пријатели и по Брегзитот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...