Русија предлага нов механизам за истрага на хемиските напади во Сирија

Русија направи нацрт резолуција за Советот за безбедност на ОН во која предлага формирање ново тело за истрага за случајот со хемиските напади во Сирија и работа врз „основа на детални и непобитни докази“.



- Сакаме да се издигнеме над несогласувањата и да предложиме да биде фомирано ново меѓународно истражно тело кое ќе утврди факти врз основа на детални и непобитни докази добиени со транспарентни и доверливи методи за да може СБ да ги идентификува оние кои се одговорни за употребата на отровни агенси како оружје, изјави Василиј Небензја, постојан претставник на Русија во ОН.

Според него, тоа треба да биде професионален и деполитизиран механизам.
Мандатот на Заедничкиот истражен механизам во Сирија на Меѓународната организација на ОН за забрана на хемиско оружје, (ОН-ОПЦВ) заврши на 18 декември 2017 година. Членките на СБ на ОН не успеаја да постигнат договор за продолжување на неговиот мандат.

Заедничкиот истражен механизам е формиран со резолуција на СБ на ОН во август 2015 година за да се идентификуваат одговорните за хемиските напади во Сирија.
Тоа тело досега издаде седум извештаи во кои укажува дека сириската влада е виновна за четири хемиски напади.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...