Хрватска, Летонија и Словенија со најголем скок на туристички ноќевања во ЕУ за 2017 година

Загреб, 25 јануари 2018 (МИА) - Хрватска заедно со Летонија и Словенија забележа најголем скок на бројот на туристички ноќевања меѓу земјите од ЕУ во 2017 година, покажуваат податоци на Европската агенција за статистика.
Минатата година во 28 земји од ЕУ регистрирани се вкупно малку повеќе од 3,2 милијарди туристички ноќевања, што е за 5,1 отсто повеќе од една година претходно, пресмета Евростат. Со тоа нивниот раст продолжува деветта година по ред.
Шпанија во 2017 ја потврди водечката позиција на листата на земји од ЕУ со најголем број ноќевања – вкупно 471 милион, 3,6 отсто повеќе од една година претходно. На второ место е Франција со 431 милион ноќевања или 6,6 отсто повеќе од 2016. Третото место и припадна на Италија со 425 милиони ноќевања што одговара на стапка на раст од 5,4 отсто, а четвртото на Германија со 400 милиони туристички ноќевања или 2,7 отсто повеќе од една година претходно.
Хрватска во 2017 година според Евростат регистрирала 86,1 милион туристички ноќевања од кои 80,2 милиони се странски гости, а 5,9 милиони се домашни гости. Со тоа земјата е меѓу членките на ЕУ со најголем скок на бројот на вкупни туристички ноќевања во 2017, за 10,6 отсто. Најголем раст на вкупниот број на ноќевања бележи Летонија за 12,0 отсто. Следува Словенија со 11,3 отсто.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...