Европската унија ќе го одреди ставот за преодниот период по Брегзит

Членките на Европската унија денеска ќе го одредат ставот за преодниот период по Брегзит, во кој Велика Британија ќе биде земја членка на ЕУ, но без право на одлучување.
Прашањето за овој период предизвикува голема поделба во британската Влада.

Министрите на 27-те земји во ЕУ, без Велика Британија, треба да усвојат пакет директиви, за да може главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние уште оваа недела да започне преговори за преодниот период со британскиот преговарач Дејвид Дејвис.

Целта на преодниот период е да се избегне нагла промена на правилата за граѓаните и фирмите веднаш по 30 март 2019 година - првиот ден на Брегзит, и да воспостави мостови кон Договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Велика Британија, кој допрва треба да се подготви.
Преговорите за идните трговски односи треба да започнат во април, а британската премиерка Тереза ​​Мај се уште нема соопштено што сака Лондон.

Европската унија предвидува преодниот период да трае од 30 март 2019 до 31 декември 2020 година. За една година и девет месеци, Велика Британија ќе мора да ги почитува сите регулативи на ЕУ, но нема да има право да донесува одлуки. Лондон нема да има претставници во институциите, нема да има право на глас, ниту на присуство на состаноците, дури и на оние кои директно влијаат врз Велика Британија, која ќе остане под јурисдикција на Судот на ЕУ и ќе дава придонес во европскиот буџет.

Лондон сака преодниот период да трае околу две години, но за да се избегнат финансиски компликации, останатите 27 земји сакаат тој да заврши на 31 декември 2020 година, кога истекува седумгодишниот буџет на Унијата.
Некои од 27-те земји сакаат периодот на транзиција да може да се продолжува за да се избегне остар раздор, но Франција не се согласува.

Преговорите за преодниот период може да се покажат посложени затоа што влоговите се многу големи, сметаат експертите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Најнова изјава на Бранко Црвенковски:
„Државата ни е на раб на длабока провалија !
Но, ако се вратиме ние на власт ќе направиме чекор напред !“
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини...
Верски календар
На денешен ден
Ден на солунските браќа Кирил и Методиј.
Православната црква во 11-от век, во чест на...
1543.- Во Фромборг, во Полска, умре Никола...
1905.- Роден е Михаил Шолохов, еден од...