Парламентот избира лидер на Каталонија

Каталонските пратеници денеска ќе избираат нов лидер на шпанската покраина Каталонија.
Кандидатот за оваа функција Карлес Пуџдемон е во егзил во Брисел, а централната Влада во Мадрид се обидува да го блокира неговиот избор.

Со Каталонија последните три месеци управува Мадрид, откако шпанскиот премиер Маријано Рахој го смени Пуџдемон поради еднострано донесената декларација за независност, што беше усвоена од региооналниот Парламент во октомври минатата година.

Можно е денеска Парламентот да го избере Пуџдемон за претседател на регионалната Влада, но бидејќи по него е распишан налог за апсење, можно е штом дојде на територија на Шпанија да биде уапсен. Ако тој биде избран, а не се врати во Каталонија, Парламентот ќе треба да избере друг кандидат.

Приврзаниците на Пуџдемон предложија тој да владее од Брисел со помош на видео линк или преку полномошник. Но, Уставниот суд ја отфрли таа можност, нагласувајќи оти тој мора лично да присуствува на седницата на која треба да положи заклетва за регионален лидер.
Каталонскиот Парламент има два месеци да се договори за кандидат, што дава простор за намалување на тензиите и за ослободување на притворените сепаратисти, а можно е и да му се дозволи на Пуџдемон да се врати во земјата без да биде затворен.

На парламентарните избори во Каталонија во декември сепаратистите освоија 70 од вкупно 135 места, но за сега не се истакнува некое име кое ќе го наследи Пуџдемон, бидејќи лидерот на Републиканската левица на Каталонија (ЕРЦ), Ориол Женкерас е во притвор.
Според досегашното искуство, најверојатно е да се сменат работите во последен час и да се случи неочекуван потег.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...