Францускиот претседател Емануел Макрон се закани дека ќе ја нападне Сирија, доколку се докаже дека сириската Влада користела хемиско оружје врз цивили.
- Ќе удриме на местото од кое е лансирано (хемиско оружје) или каде што било организирано, изјави Макрон.
Сепак, тој потенцираше дека француските разузнавачки служби засега не пронашле доказ дека било употребено забранетото хемиско оружје.
Макрон нагласи дека употребата на хемиско оружје е „црвената линија“ за неговата Влада.