Лавров: Грешка е ширењето на НАТО кон Македонија, се крши „џентлменскиот договор“ со САД

Постои „џентлменски договор“ од 90-тите години меѓу Русија и САД и западните сојузници, со кој НАТО ветува дека нема да се шири на исток кон границите на Русија и кој е прекршен со трите проширувања на НАТО. Сега во таа игра сакаат да го вовлечат и Балканот, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.



- Проширувањето на НАТО е грешка и истовремено значи прекршување на џентлменскиот договор кој го споменав, и кој сега доби целосна потврда на официјален архивски документ од кој САД неодамна ја тргна ознаката „тајни". За ова сите знаеја, и ние едноставно се уверивме уште еднаш што навистина се случувало откако беа објавени овие архивски документи, вели Лавров, во денешното интервју за српската новинска агенција „Бета“, запрашан дали Москва има намера да се спротивстави на очекуваното пристапување на Македонија во НАТО.

Според него, како што јавува дописникот на МИА од Белград, проширувањето на НАТО е поткопување на договореното во 90-те години.
- Ние не еднаш ги предупредувавме колегите од НАТО дека таа линија, која претрпе три бранови на проширување, а сега ќе се случи уште еден бран, не само што претставува поткопување на сето она што се договаравме во деведесеттите години, дека никој нема да ја обезбеди својата безбедност на сметка на безбедноста на другите, туку претставува можеби и најсериозен предизвик за општата европска стабилност и безбедност, вели шефот на руската дипломатија.

Тој додава дека тие се обидуваат да го држат континентот поделен на два дела. Овие линии на поделба се обидуваат да ги придвижат кон исток, и се поблиску и поблиску се до нашите граници, тие се, всушност, веќе на границата со Русија, смета Лавров.

Според него, ништо што сега се прави во НАТО, не ја зголемува безбедноста на балканските држави, кои од страна на Русија не се загрозени со ништо.

- Ништо од она што се случува сега не е чекор кон подобрување на способноста на НАТО да одговори на вистинските, а не на измислените закани. Не гледам како овие три бранови на проширување го направија НАТО поспособен во сузбивање на терористичките и заканите од криминалот со дрога, вклучувајќи ги и оние закани што потекнуваат од Балканот, каде што по неоправданото, унилатерално прогласување на независност на Косово, беше создадена територија која преставува пример за корупција и „црна дупка”, истакнува Лавров.

Тој посочува дека, ние нашите проценки за проширувањето на НАТО им ги презентираме на нашите партнери, без разлика дали се на Балканот, или каде и да е во Европа, и сметаме дека во донесување на своите суверени одлуки целосно ќе биде земено предвид она што сега се случува и колку сето тоа одговара на вистинските интереси на оваа или онаа нација.“

На повтореното прашање да одговори конкретно за Македонија, рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров изјави дека Москва не прави разлики.
- Реков. Ние не правиме разлика. Ние зборуваме за она што го гледаме и размислуваме и подготвени сме да ги разгледуваме сите земји. Мислам дека приемот на Црна Гора беше целосно вештачки и непотребен. Обрнавме внимание дека таквиот метод како што е покажувањето на волјата на народот во форма на референдум, станува се помалку популарен при носењето на такви, доста судбоносни одлуки!“

Лавров говорејќи општо за Балканот констатира дека Западот сака „во игра да го вклучи Балканот поставувајќи ги балканските држави пред избор или сте со Запад или сте со Русија. Така бараа и за Украина и така дојде до неуставниот преврат во Украина...“

Според Лавров, Русија својата улога на Балканот ја гледа како „конструктивна“ и никогаш нема донесено „конфротација“ на Балканот.
Според најавите, рускиот шеф на дипломатијата на 21 и 22 февруари  ќе ги посети Словенија и Србија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...