Песков: Обвиненијата за вмешаност на Русија во изборите во САД се неосновани

Обвиненијата на американското Федерално истражно биро (ФБИ) против 13 физички и 3 правни лица од Русија за мешање во претседателските избори во САД во 2016 година, не се базираат на никакви докази дека руската држава е замешана во таква активност, оцени денеска Кремљ.



Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков на денешната  прес-конференција изјави дека обвиненијата за државна вмешаност се неоправдани и неосновани. Тој истакна дека „Русија не се мешала, нема навика ниту да се меша во внатрешните работи на други држави и не го прави тоа ниту сега“.

- Прво, како и претходно, не видовме никакви суштински докази, дека некој се мешал во внатрешните работи на САД. Второ, станува збор за граѓани на Русија, но ние не слушнавме од Вашингтон обвиненија за учество на руската држава, Кремљ и руската влада. Нема и не може да има никакви индикации, дека руската држава можела да биде вклучена во тоа, заклучи портпаролот.

Според обвиненијата на ФБИ, подготвени од тимот на специјалниот обвинител Роберт Мјулер, една руска пропагандна компанија раководела со криминален и шпионски заговор за мешање во предизборната кампања во 2016 година со цел поддршка за Доналд Трамп и дискредитирање на Хилари Клинтон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...