Каменос: Ќе направам се за да не се даде името Македонија

Коалицискиот партнер во грчката влада, министер за одбрана и лидер на Независни Грци, Панос Каменос, вели дека не се согласува со тоа како владата го води прашањето со името и ќе направи сѐ за да не се даде терминот Македонија.



Како што јавува дописникот на МИА од Атина, на расправата во грчкиот парламент за случајот со фармацевтската компанија „Новартис“, Каменос го спомена и прашањето со името.

- Секако дека не се согласувам со владата и со тоа како управува во прашањето за името Македонија, тоа го имам јавно кажано, и ќе направам сѐ за да запрам да не се даде терминот Македонија и секако дека нема да гласам, рече Каменос во неговиот говор.

Додека тој говореше, лидерот на Сојуз на централисти, Василис Левендис му дофрлуваше од пратеничкото столче, на што Каменос му се обрати, изразувајќи убедување дека прашањето за името нема да стигне во грчкиот парламент.
- Нема да дојде за гласање, господине Левендис, нив им требаат 10 години за да ги направат уставните промени, порача лидерот на Независни Грци и коалиционен партнер во грчката влада, пренесува МИА.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...