Русија: Во Источна Гута се води масовна кампања со дезинформации

Постојаниот претставник на Русија во Обединети нации, Василиј Небензаја ги обвини медиумите за масовна кампања со дезинформации за ситуацијата во Источна Гута, додавајќи оти не се наведува „непријатната вистина“ дека во тој регион има неколку илјади борци, меѓу кои и членови на терористички организации, како Ал Каеда.



Тој на седницата на Совет за безбедност на ОН за Сирија изјави дека од Источна Гута истрелани се неколку десетици ракети врз Дамаск и оти борците намерно се кријат во образовни и медицински институции.

Небензаја наведе дека локалниот медиумски центар во Гута и сириската цивилна заштита, познати како Бели шлемови, се главниот корен на добро платена кампања за дезинформации против сириските власти и нивниот сојузник - Русија.

Сириската Опсерваторија за човекови права соопшти дека над 400 цивили загинаа за пет дена воздушни и артилериски напади на сирискитѕе сили и нејзините сојузници во Источна Гута.

Сириските власти од неделата ја бомбардира Источна Гута, која е под опсада од 2013 година и е последно упориште во близина на главниот град на Сирија, Дамаск.
Според неименувани извори блиски до сирискиот претседател Башар ал Асад, воздушните напади се вовед за копнена офанзива.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...