Путин: На американска ракета од Норвешка до Москва и треба 15 минути

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија го гледа Арктик како регион кој е важен за нејзината безбедност.
Тој додаде дека на ракета истрелана од американска подморница кај брегот на Норвешка би и било потребно 15 минути да стигне до Москва.



Рускиот претседател тоа го изјави во интервјуто за дел од филмот „Путин“ на Андреј Кондрашов, објавено на руските социјални мрежи.
- Ние не се закануваме на никој, но ги користиме предностите кои ги имаме, во овој конкретен случај користејќи ја предноста во територијата, ќе обезбедиме безбедност на Русија и на нејзиниот народ. Имајќи го тоа во вид, арктичкиот регион е исклучително важен за Русија, посочи Путин.

Тој го изнесе тврдењето дека Русија има најмоќна нуклеарна флота и додаде дека американските подморници кои носат ракети во борбена подготвеност се кај брегот на Норвешка.

- Време да долета во Москва е 15 минути, вели Путин.
Тој напомена дека го посетил островот Земјата на Фрањо Јосиф каде, според зборовите на Путин, до неодамна лидерите им зборуваа на странските туристи дека тоа  подрачје „некогаш му припаѓаше на Советскиот сојуз“.

- Тоа значи дека не занемарија, иако ние таа територија никому не сме ја препуштиле, рече Путин.
Тој посочи на богатите ресурси на Арктикот.
- Ние сите се сеќаваме дека Ломоносов рече дека богатството на Русија ќе се зголеми благодарение на Сибир. Сега со сигурност можеме да кажеме дека богатството на Русија ќе се зголеми благодарение на Арктикот. Се чини дека таму има се, вели Путин.

Претседателот на Русија, исто така, ја истакна и важноста на заштитата на природата.
- Екологијата на Арктикот е многу кревка и бара многу внимание. Инфраструктурата таму треба да биде  еколошки прифатлива, подвлече  Путин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...