Меј предупредува на руска закана од Балканот до Блиски Исток

Британската премиерка Тереза Меј непосредно пред почетокот на самитот на шефовите на држави и влади во Брисел порача дека ќе ги предупреди европските партнери, како што ја нарече, на руската агресија во Европа и пошироко.

Меј одби да одговори дали од партнерите ќе бара дополнителни санкции против Русија по убиството на рускиот двоен шпион Сергеј Скрипал, но уште еднаш најстрого го осуди овој чин.

- Ќе зборувам за Солсбери, но не само за тоа. Ова е шема на руска агресија која ја наоѓаме од Западниот Балкан до Блискиот Исток, изјави Меј.

Судејќи по последниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ на кој се разговараше за руската закана, се очекува Грција да биде меѓу „најмеките“ држави кон Русија.

- Треба да ја изразиме нашата солидарност со Велика Британија и британскиот народ, но во исто време треба и да го истражиме случајот, мораме да бидеме многу одговорни, изјави Ципрас ри пристигнувањето на самитот, алудирајќи на вмешаноста на Русија во убиството на Скрипал.

Дипломатски извори брифираат дека во замена за грчката поддршка околу „построгиот“ речник кон Русија, Грција за сега добила од европските партнери силна осуда кон Турција.

Имено, во нацрт заклучоците објавени од неколку медиуми меѓу кои и „Катимерини“ се посочува дека ЕУ „силно ги осудува постојаните нелегални активности на Турција во источниот Медитеран и Егејско Море. Европскиот Совет бара итно Турција да ги прекине овие активности.“

ЕУ лидерите изразуваат и целосна поддршка со Грција и Кипар се посочува во нацрт заклучоците.

Грчките медиуми јавија дека Ципрас ќе има трилатерални средби со Тереза Меј, францускиот претседател Емануел Макрон, како и германската канцеларка Ангела Меркел со кои ќе разговара за Турција и Кипар, но и за прашањето со името.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...