Кремљ: Путин сака подобрување на односите со другите држави

Рускиот претседател Владимир Путин и натаму смета дека за Русија е подобро да ги унапреди односите со другите земји и покрај одлуката за протерување на десетина западни дипломати, како реакција на мерките што ги презеде Западот поради труењето на поранешниот руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Велика Британија, изјави денеска потпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков нагласи дека не се согласува со оцената на Администрацијата на САД дека одлуката на Русија за протерување на 60 американски дипломати укажува дека Москва не е заинтересирана за дипломатија.

Белата куќа претходно оцени дека одлуката на Москва за протерување на 60 американски дипломати била очекувана и дека тој потег „претставува понатамошно влошување на односите меѓу САД и Русија“.

- Одговорот на Русија не е неочекуван и САД ќе се справат со тоа, соопшти синоќа Белата куќа.

Протерувањето на 60-те американски дипломати од Москва, претставува одговор на претходната одлука на Вашингтон за протерување на 60 руски дипломати од САД во знак на солидарност со Велика Британија поради труењето на Скрипал и неговата ќерка.
Во знак на солидарност со Лондон над 25 земји од своите територии протераа вкупно над 150 руски дипломати.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...