Велика Британија прераспоредува подморници, САД размислува за воена интервенција во Сирија

 Британската премиерка Тереза Меј е подготвена да дозволи учество на британската војска во воена акција, со која би се одговорило на наводниот напад со хемиско оружје во Сирија.

За таквата одлука Меј не планира да бара поддршка од Парламентот, бидејќи сака да дејствува брзо, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на неименувани извори. Законот не ја обврзува Меј да ја стави воената акција на гласање пред Парламентот, но пратениците досега гласаа за интервенциите во Либија и Ирак.

„Дејли телеграф“ објави дека Меј наложила британски подморници да се распоредат така што Сирија ќе биде во дострел на ракетите и да бидат подготвени за напади на сириската војска.

Весникот, повикувајќи се на неименувани извори во британската Влада, објави дека Лондон „прави се што е потребно“ за да биде во можност да испука крстосувачки ракети „томахавк“ од подморниците кон воени цели во Сирија.

- Употребата на хемиско оружје не може да мине без одговор, изјави вчера Меј, нагласувајќи дека „се упатува на тоа дека за нападот е одговорен сирискиот режим“.
Таа одби да каже дали е загрижена од објавата на американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер во која тој најави воена акција во Сирија и порача дека „проектилите пристигнуваат“.

Во меѓувреме, тимот за национална безбедност на САД ги разгледува опциите за одговор на ситуацијата во Сирија. Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс соопшти дека тимот за национална базбедност вчера се сретнал со Трамп за одговорот на САД на „очигледната употреба на хемиско оружје од страна на сириската Влада против сопствениот народ“.

Таа истакна дека се уште не е донесена одлука за тоа дали американските сили ќе ја нападнат Сирија, иако Трамп претходно се закани со истрелување на „убави, нови и паметни ракети“.

Сандерс потенцираше дека САД со сигурност ја обвинуваат сириската Влада и нејзините руски сојузници за погубниот напад, изведен во саботата во Дума, каде, според опозициските активисти, се убиени најмалку 40 лица со хемиско оружје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...