„Респект“: Сергеј Скрипал бил во тајна посета на Прага во 2012 година

Поранешиот полковник од руската воена разузнавачка служба ГРУ, Сергеј Скрипал, во 2012 година бил во тајна посета на Прага и се сретнал со претставници на чешките специјални служби, тврди електронското издание на чешкиот весник „Респект“.

Според изданието, станува збор за „соработка за откривање на мрежа на руски агенти".
„Респект“ наведува дека Скрипал најмалку еднаш, во 2012 година бил во Прага.

- Иако, тој беше тука кусо време, неговото патување беше искористено за средби со локалните служби, а претставници на чешките безбедносни структури потоа барем еднаш се сретнаа со поранешниот руски шпион во Велика Британија, пишува „Респект“.

Чешкиот медиум наведува дека, откако се досели во Велика Британија, Скрипал соработувал со британската специјална служба МИ6 за да ја открие мрежата на руската агентура во западните земји.

Тој имал средби со претставници на службите на земјите партнери на Обединетото Кралство, за да се осигури безбедноста на Западот. Од 90-тите години на минатиот век, во тој круг влегла и Чешка.

„Респект“ укажува дека неодамнешниот обид да се отруе Скрипал на британската територија со нервниот агенс „Новичак“, не е поврзан со неговото патување во Прага.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...