Голема побарувачка за француското дабово дрво во Кина

Париз, 7 јуни 2018 (МИА) - Дури 80 проценти од пиланите во Франција се соочуваат со недостиг на дабово дрво, кое се смета за еден од водечките и најценетите извозни артикли на француската дрвна индустрија. Причината за ова е големата побарувачка на француското дабово дрво во Кина, каде подемот на средната класа ја зголемува побарувачкта за паркети и полуксузен дрвен мебел.
Оваа побарувачка значително ја зголеми цената на француското дабово дрво, но ги погоди пиланите, бидејќи кинеските купувачи вообичаено бараат дрвото да биде обработено во Кина, а не во Франција. Француското Министерство за земјоделие организираше средба меѓу сопствениците на приватните шуми во Франција, кои опфаќаат 80 проценти од француските шуми, и сопствениците на пиланите, да се обиде да изнајде компромис. Но, сопствениците на шумите, кои мораат да чуваат дабови дрва стари по 100 до 150 години, инсистираат дека не можат да се откажат од извозот на стеблата на лукративниот кинески пазар, за да ги задоволат потребите на француските пилани, и тоа по пониски цени.
Франција направи обид и регулаторно да ги принуди шумските стопанства да ги продаваат стеблата во рамките на Европската Унија, но тоа се однесува само на шумите во државна сопственост.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...