Захарова: Се отворивме кон Западот, но излажани сме

Од крајот на Студената војна Русија во целост се отвори кон западнире земји, но тие не излажаа, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

- Во целост се отворивме кон Западот, но не затоа што бевме поразени. Го направивме тоа сами, никој не не присили, рече Захарова во интервју за финскиот весник „Хуфвудстадсбладет“.

Според неа, некогашниот советски лидер Михаил Горбачов, творец на програмата на „перестројката“ сакал „да стави крај на трката во вооружувањето и Студената војна“, поради што Русија се отворила кон Западот.

- Но, бевме излажани. Одговоривте со тоа што не заградивте со бодликава жица, рече таа истакнувајќи дека се што сакала Русија од Европа било соработка во повеќе области како што се економијата, трговијата и културата.
Таа додаде дека Русите сакале слободно да патуваат во други земји и да се ослободат од визи, но таа идеја секогаш била одбивана.

- Сега на сите им покажуваме: „Немојте ни да помислите повторно да не напаѓате“. Откако изгубивме 20 милиони луѓе во Втората светска војна, имаме право на сите да им покажуваме со цел тоа повеќе да не се повтори. Во изминатите 20 години се обидуваат да не опколат од сите страни, рече Захарова.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца ненормални играат фудбал. После некое време едниот извикува:
- ПОЛУВРЕМЕ!!! Сега ти си топката.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1545.- Бродот „Мери Роус“, гордост на воената...
1814.- Роден е американскиот пронаоѓач Семјуел...
1834.- Во Париз е роден Едгар Дега, француски...
1866.- Умре германскиот математичар Георг...