Курц: Правецот е добар, но не очекувам решение в недела

Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави денеска дека е добро што в недела се одржува мини самитот на Европска унија за заедничката политика кон мигрантите, додавајќи оти е скептичен дека ќе се постигне решение.

Тој на прес конференцијата по состанокот со властите на германската покраина Баварија во Линц, истакна дека постои силна динамика за прашањата за бегалците, но прашање е дали тоа ќе доведе до резултат и колку брзо може да се изврши примената.

- Правецот е добар. Меѓутоа, прашање е дали сме подготвени да постигнеме решение. Ќе извршиме притисок на Самитот да се дојде до решение, најави тој.

Според него, најдоцна до неформалниот самит на ЕУ во Салцбург на 20 септември, треба да се дојде до напредок.

Курц истакна дека на Самитот в недела се работи за решавање на имигрантското прашање, а не за внатрешната политика на Германија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...