Макрон го смени амбасадорот во Унгарија бидејќи го фалел Орбан

Францускиот претседател Емануел Макрон за време на викендот го смени амбасадорот во Унгарија, Ерик Фурниe, откако беше објавен доверлив меморандум, во кој амбасадорот ја фали мигрантската политика на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

За нов француски амбасадор во Будимпешта именуван е Паскал Андреани.
Во доверливиот меморандум, со датум од 18 јуни и адресиран до кабинетот на Макрон, Фурние наведува дека Унгарија претставува „модел“ за решавање на прашањето со мигрантите, како и дека обвинувањата за популизам против Орбан се „медиумски измислици“.

Поранешниот амбасадор напиша и дека француските медиуми, обвинувајќи ја Унгарија за антисемитизам, се обидуваат да го сврти вниманието од „правиот антисемитизам, кој доаѓа од муслиманите во Франција и во Германија“.

Макрон наведе дека нема исти ставови со амбасадорот Фурние и оти доверливиот документ не ја претставува официјалната политика на Франција.

- Ако амбасадорот ова го кажеше јавно, тој веднаш ќе добиеше отказ, истакна Макрон на прес конференција во петокот во Брисел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...