Евакуиран дел од аеродромот во Франкфурт

Делови од аеродромот во Франкфурт се евакуирани и запрено е качувањето на патниците во авионите, затоа што „најмалку едно неовластено лице влегло во безбедносната зона“, соопшти портпаролот на германската федерална полиција Реза Ахмари.



Како што јави ДПА, Ахмари нагласи дека во тек е полициска проверка на сите лица во безбедносната зона.

Претходно, германската полиција на Твитер објави дека „на Терминалот 1 на аеродромот во Франкфурт во тек е полициската операција, во чии рамки е запрено качувањето (во авионите) и се врши проверка на нивоата 2 и 3 во безбедносната зона“.

Авиокомпанијата „Луфтханза“ на Твитер го потврди блокирањето на аеродромот, нагласувајќи дека засега не може да соопшти колку летови ќе бидат откажани.

Аеродромот во Франкфурт е најпрометниот во Германија, со 64,5 милиони патници во 2017 година.

Минатиот месец полицијата го блокираше и евакуираше Терминалот 2 на аеродормотѕ во Минхен, откако 40-годишна жена минала низ зоната за проверка без да помине преку безбедносниот скенер. Поради овој инцидент беа откажани речиси 330 летови со над 32.000 патници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...