Поенти референдум 2018: На нашите деца и млади им треба европска Македонија

Избираме да бидеме дел од демократскиот свет за да создадеме можности за подобар живот за нашите деца. Полесно да најдеш работа по струка во Македонија, платите континуирано ќе растат, а со тоа и животниот стандард ќе се подобри, ова се дел од поентите што поддржувачите на референдумот, пред се високите владини претставници, ги истакнаа во текот на вчерашните настапи во повеќе места низ Републиката.

Според нив, со зачленувањето на Македонија во Европската унија младите ќе имаат нови перспективи, неограничени можности за патување и стекнување квалитетно образование и пракса низ Европа.
Образовните дипломи ќе им бидат признаени насекаде низ Европа, ќе можат полесно да најдат работа по струка овде во Македонија, а ќе имаат и еднакви шанси за учество во европскиот пазар на труд и европската дигитална економија како нивните врсници од европските земји.

Со зголемување на младинската конкуренција на пазарот на трудот во Македонија, како што посочуваат поддржувачите на референдумот, ќе се намали младинската невработеност, младинската емиграција и одливот на мозоци.

Зачленувањето на ЕУ, како што велат тие, ќе влијае позитивно на целокупната економија во земјава, вклучувајќи го и пензискиот фонд, ќе го зголемиме квалитетот на пазарот на труд во Македонија што директно ќе води кон услови за нови инвестиции, нови работни места и повисоки плати.

Поддржувачите на референдумот се едногласни дека не ни е потребна повеќе неизвесност и изолација, бидејќи нашите млади заслужуваат подобра иднина.
Нашите млади треба да имаат еднакви можности за образование, работа и личен развој, какви што имаат нивните врсници ширум Европа. За ова, според поддржувачите на референдумот, неопходно е да станеме полноправна членка на ЕУ.

Зачленувањето во Унијата, како што посочуваат, значи и неограничените можности за патување, стекнување квалитетно образование и пракса и дипломи кои ќе бидат признаени насекаде низ Европа.

- Не треба да гледаме подалеку од нашите соседи и ќе видиме дека во Бугарија двојно пораснаа платите, дека во Романија двојно се намали младинската невработеност, да видиме дека во Црна Гора само во првите шест месеци оваа година откако стана членка во НАТО повеќе од два пати се зголемија странските директни инвестиции. Кога ќе ги видиме сите овие податоци, ќе го донесеме логичниот заклучок дека членството во НАТО ќе ни ја зацврсти државата, ќе ни ги обезбеди дополнително границите, ќе ја гарантира стабилноста, а членството во ЕУ ќе им даде на македонските млади, на нашите млади и деца шанса да ги имаат истите придобивки кои ги имаат младите и децата во ЕУ – подобро образование, шанса за образование во други држави, шанса за подобра работа и шанса за подобра плата, истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска вчера во Струмица.

Со интеграцијата во ЕУ, нашите млади добиваат бесплатни студии, размена и обука преку Еразмус и други програми. Во Хрватска како што посочуваат вработеноста кај младите се зголемила од 26,4 отсто во 2013 на 43,1 отсто во 2017 година.

Со програмата Еразмус +, над четири милиони млади луѓе од Европа, меѓу кои младите од Македонија имаат можност за академска мобилност, стекнување вештини, спорт, обуки, учење за различните култури и градење на заеднички европски вредности.
Програмата Еразмус + вложува над 14 милијарди евра во стручно и занаетско образование, како и обрзование и дообразување на младите во било кој дел од Европа.
Според поддржувачите на референдумот еден од клучните проекти на ЕУ за младите е Младинската гаранција, која е дел од Европскиот столб за социјални права.

Преку Младинската гаранција младите до 25 години кои не се во образовен, ниту во работен однос имаат можност да станат конкурентни на пазарот на трудот преку дообразование, практиканство или обуки. Досега, ЕУ има инвестирано 8,8 милијарди евра во Младинската гаранција.
Од 2014 наваму, секоја година 3,5 милиони млади низ Европа се корисници на Младинската гаранција. Половина од нив се во работен однос или во образовен процес 12 месеци по станувањето корисник на ладинската гаранција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...