Германците гледаат позитивно на соживотот со странците

Берлин, 18 септември 2018 (МИА) - Повеќето германски граѓани позитивно гледаат на соживотот со странците и веруваат дека бегалците ќе придонесат за економскиот просперитет на земјата, произлегува од студијата чии резултати денеска ги објавија германски медиуми.

- Граѓаните, без разлика дали се со странско потекло или не, гледаат главно позитивно на соживотот на имигрантите и локалното население во Германија, се вели во студијата на Одделот за истражувања на Советодавното собрание при Германската фондација за интеграција и миграција(СВР).
- Централната порака на ова истражување е дека климата за интеграција во Германија останува стабилна и на скала од нула до 100, се движи помеѓу 64 и 70, при што нулата укажува на целосно негативен став кон интеграцијата, а 100 е сосема позитивен став, вели директорот на СВР, Томас Бауер.

Т.н. барометарот за интеграција, СВР го објавува во редовни интервали. Во споредба со последната анкета од 2015 година, пред бранот бегалци, ситуацијата не е значително променета.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...