Меј пред самитот во Салцбург: Блиcку сме до договор со ЕУ за Брегзит

Лондон, 19 септември 2018 (МИА) - Велика Британија и ЕУ се блиску до договор за уредување на Брегзит, наведе во авторски текст за германскиот весник „Велт“ британската премиерка Тереза Меј и ја повика ЕК да ја унапреди позицијата пред денешниот почеток на неформалниот самит на ЕУ во австрискиот град Салцбург.
Меј наведе дека е потребно двете страни да покажат добра волја со цел да се избегне несредено излегување на Британија од европскиот блок во март наредната година, поради што постојат стравови дека може да предизвика економски проблеми.
- Блиску сме до постигнување договор за Брегзит, што е суштинска основа за изградба на блиско идно партнерство. За да се стигне до успешен заклучок и токму како што Обединетото Кралство ја унапреди својата позиција, ќе биде потребно и ЕУ да го стори истото. Ниту една страна не може да го бара тоа што не е прифатливо за другата, како надворешните царински граници меѓу различни делови на Обединетото Кралство, напиша британската премиерка.

Во Салцбург денеска почнува дводневниот состанок на лидерите на ЕУ, на кој ќе биде бидат одржани разговори за кои британскиот министер за Брегзит Доминик Раб рече дека ќе бидат „важна пресвртница“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...