Путин со подршка за одвојување на руските финансии од американскиот долар

Москва, 3 октомври 2018 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин поддржа одвојување на финансиите од американскиот долар.
Тоа за руските медиуми го изјави раководителот на ВТБ Банка Андреј Костин, кој додава дека тој потег не значи целосно ослободување од американската валута.
Идејата за де-доларизација на руската економија во последно време е актуелно прашање, особено поради зголемените тензии по воведувањето санкции.
Костин предложи неколку начини да се промовира руската рубља во меѓународните текови.
Во мај, Путин рече дека Русија повеќе не може да му верува на финансискиот систем во кој доминира американскиот долар. Потоа додаде дека монополот на доларот е опасен за глобалната економија.
Руското Министерство за финансии веќе го поддржа планот на Костин. Министерот Максим Орешкин наведе дека улогата на американската валута веќе активно се намалува. Централната банка на Русија, исто така, се залага за политика на де-доларизација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...