ЕК: Безбедносниот пропуст на Фејсбук погодил пет милиони Европејци

Неодамнешниот безбедносен пропуст за кој соопшти социјалната мрежа Фејсбук погоди околу пет милиони Европејци, изјави еврокомесарката за правда Вера Јурова.

Фејсбук во петокот објави дека се хакирани речиси 50 милиони профили на оваа социјална мрежа и дека напаѓачите ги искористиле слабостите на опцијата „Види како“ (View As) за да добијат контрола врз профилите на корисниците. Тој пропуст кој бил „поправен“ во четвртокот, како што рече основачот и главен директор на социјалната мрежа Марк Закерберг, им овозможил на хакерите да пристапат до информации на корисничките профили (имиња, податоци за полот, адреси… ).

- Повеќе ќе знам за неколку часа или за неколку денови, но колку што знам, од тие 50 опфатени се пет милиони Европејци, што е неверојатен број, рече Јурова одговарајќи на прашање на европски состанок во Луксембург.

Хакерските напади со големи размери на Фејсбук повторно ги поттикнаа критиките кон социјалната мрежа која веќе сериозно ја поткопуваат повеќе афери, особено во врска со заштита на личните податоци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...